Скен на бизнис условите во Македонија

Bez autora
Feb 22 2011

Институционализирање на деловната соработка меѓу Македонија и Велика Британија, детектирање на бизнис-можностите што ги нуди земјава и привлекување поголем број британски инвеститори, се дел од предвидените активности на британската амбасада во Македонија за претстојниот период. Во оваа насока ќе се одржи и средбата меѓу македонските и британските стопански комори закажана на 17. идниот месец. Развивањето на економските односи на ниво на стопански комори е прв чекор за зголемување на бизнис-соработката меѓу Македонија и Велика Британија. Идејата за овој проект произлезе кон крајот на минатата година како дел од приоритетните проекции на новата британска влада за економски просперитет.

Скен на бизнис условите во МакедонијаИнституционализирање на деловната соработка меѓу Македонија и Велика Британија, детектирање на бизнис-можностите што ги нуди земјава и привлекување поголем број британски инвеститори, се дел од предвидените активности на британската амбасада во Македонија за претстојниот период.

Во оваа насока ќе се одржи и средбата меѓу македонските и британските стопански комори закажана на 17. идниот месец.

- Развивањето на економските односи на ниво на стопански комори е прв чекор за зголемување на бизнис-соработката меѓу Македонија и Велика Британија. Идејата за овој проект произлезе кон крајот на минатата година како дел од приоритетните проекции на новата британска влада за економски просперитет - рече на средба со новинари, заменик-амбасадорот на Велика Британија во земјава, Џерард МекГурк.

Во март во рамки на посебен проект британската амбасада ќе финансира и изготвување економска анализа за регионот Албанија, Косово и Македонија која практично, како што истакна МекГурк, ќе ги идентификува можостите за трговско-инвестициска соработка на Велика Британија со овие земји.

- Една од активностите на овој проект ќе биде и водењето разговори со голем број британски бизнисмени кои досега имале деловни искуства во Македонија за да се идентификуваат сите евентуални пречки со кои тие се соочиле. Идејата е да се донесат што повеќе наши инвеститори во Македонија, земјава да ја понудиме како нова бизнис-опција, но и да промениме некои од постојните, моментно актуелни услови, односно да ги направиме поповолни за потенцијалните вложувачи - нагласи МекГурк.

Според него на овој начин Велика Британија, освен за сопствено економско заздравување по глобалната криза, ќе придонесе и за подобрување на економските услови глобално.

На 17 март во Македонија ќе допатуваат претставници од девет британски стопански комори. Тие ќе имаат средби со македонски колеги од Сојузот на стопанските комори, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, МАСИТ и Центарот за развој на претприемачи. Во Македонија засега се присутни Џонсон Метии, неколку мали и средни компании, но функционира и т.н. Британска бизнис група како контакт центар за сите заинтересирани британски инвеститори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik